Пратеникот Бастри Бајрами од денеска ќе дејствува како независен

Досегашниот пратеник на Движењето Беса, Бастри Бајрами информира дека од денеска ќе дејствува како независен.
-Јас долупотпишаниот пратеник Бастри Бајрами, Ве информирам дека од денес ќе дејствувам како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, се вели во известувањето на Бајрами испратено до спикерот Талат Џафери.
Досега се уште нема никакви официјални информации како ќе дејствуваат доскорешните пратејници на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Коџаџику, кои најавија формирање на ново политичко движење.
По завчерашната средба на Изет Меџити со претседателите на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето Беса Биљал Касами за можна соработка на албанската опозиција, потпретседателот на Беса Аријанит Хоџа исто така во објава на социјалните мрежи се огради од, како што напиша, политичките дејствија во т.н „опозициски блок“.