Пратеникот Борче Цветков, продолжува да ја врши функцијата пратеник и покрај тоа што СВРСтрумица против него поднесе кривична пријава
Пратеникот Борче Цветков, продолжува да ја врши функцијата пратеник и покрај тоа што СВРСтрумица против него поднесе кривична пријава

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, продолжува да ја врши функцијата пратеник и покрај тоа што Секторот за внатрешни работи Струмица против него поднесе кривична пријава. Од Собранието соопштуваат дека досега не добиле барање за одземање на имунитетот на Цветков, бидејќи Обвинителството не побарало такво нешто. Од Обвинителството соопштуваат дека се уште се работи на расветлување на случајот и докажување на кривичното дело, додека за имунитет не е неопходно да се одземе.
“Основното јавно обвинителство Струмица постапува по поднесената пријава и презема дејствија. Постапката е во тек и не е неопходно одземање на имунитет на пријавено лице”, велат од Јавно обвинителство.
Борче Цветков е осомничен за злоупотреба на службената положба во периодот 2021-2023 година, додека бил директор на затворот во Струмица. Според полицијата, Цветков им наредил на чуварите, спротивно на законот, да ослободат тројца осуденици од затвор, а од друга страна, во доказниот лист тие се појавувале како присутни во ќелијата.
„Во текот на 2021, 2022 и 2023 година, на затворските чувари им било наредено и им се заканувале, надвор од законските процедури, да ги ослободат осудените Љ.К., Ѓ.В. и Г.Т„, велат од Министерство за внатрешни работи.
Имињата на другите затвореници ги избришал со коректор и ги напишал имињата на тројцата споменати лица, а еден од нив (Л.К.) додека се водел дека е во затвор, бил и во странство.
Доколку Јавното обвинителство одлучи да побара одземање на имунитетот, постапката мора да се води преку Комисијата за мандатно имунитетни прашања, со која претседава пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу