Пратеници во скафандери, Мизрахи: Политичко фијаско во борбата на суети

Пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат оцени дека присуството на пратеници болни од ковид во Собранието ја девалвира довербата на граѓаните кон институциите. Како што вели Мизрахи, присуството на тие лица не било воопшто неопходно бидејќи кворумот за седницата на која беше усвоен петтиот пакет економски мерки веќе бил најавен од страна на коалицијата Алијанса – Алтернатива.
„Покрај целото фијаско и носењето на луѓе коишто се болни од ковид во Собранието, во скафандери, на крајот имавме 70 гласови – За, за 32 седница и 111 пратеници гласаа на 36 – тата седница. Апсолутно непотребно политичко фијаско коешто доведе до недоверба на граѓаните кон институциите. Во кризна состојба, во пандемија“, рече Мизрахи.