ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците ги ратификуваа договорите за признавање на личните карти и дипломите во земјите од Западен Балкан

Пратениците на денешната седница ги ратификуваа договорите за меѓусебно признавање на личните карти, за признавање на универзитетските дипломи и за признавање на професионалните квалификации на лекарите по медицина, дентална медицина и архитектите во рамки на земјите од Западен Балкан.

Advertisements

Матичните комисии не доставиле дополнет предлог во контекст на законите, па пратениците без расправа ги изгласаа предлог-законите за ратификација на:

  • Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан;
  • Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и
  • Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија.

Овие договори беа потпишани на самитот на Берлинскиот процес во ноември минатата година од страна на премиерите на Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Владата пред еден месец го одобри текстот на предлог-законите за ратификација на договорите, по што тие беа испратени во Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button