ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците изгласаа-Собранието ќе има пет потпретседатели

Пратениците изгласаа-Собранието ќе има пет потпретседатели

Собранието го одобри бројот на потпретседатели. Пратениците гласаа за 5 потпретседатели на законодавниот дом, но колку од нив ќе бидат именувани, се очекува да се дознае на следната седница. Досега, прелиминарниот договор, како што информираат извори од парламентарното мнозинство, потпретседателите ќе му припаѓаат на СДСМ, како најголема опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ и партијата „Знам“. Не е познато дали еден од петте потпретседатели ќе припадне и на Европскиот фронт, кој го смета сегашното парламентарно мнозинство за нелегитимно. Изгласани се и постојните тела на Собранието. Од 21 комисија, три ќе и припаднат на опозицијата. Со Комисијата за финансии и буџет ќе претседава пратеник на СДСМ, а со Комисијата  за надзор на работата на безбедносните служби ќе претседава поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој во моментов е пратеник на Европскиот фронт. Опозицијата  ќе претседава и со Постојаната анкетна комисија за човековите права и слободи. На денешната седница не беше предвидено формирање на ад хок тело за остварување на правична застапеност, ново тело кое ќе се формира во рамките на Собранието, и кое  два пати годишно ќе известува за состојбите со правичната и соодветната застапеност. Формирањето на ова тело беше услов за ДУИ и дел од пратениците во рамките на Европскиот фронт со исклучок на крилото на Зијадин Села, да го поддржат Законот за работа и организација на органите на државната управа, кој минатата недела беше одобрен со 2/3 мнозинство во Собранието на седница свикана во доцните часови по полноќ. Со работните тела во Собранието, 10 од нив ќе бидат предводени од ВМРО-ДПМНЕ, 3 од коалицијата Вреди, 3 од ДУИ и СДСМ и со по една комисија  ќе претседаваат Левица и Знам.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button