ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе расправаат за можноста да се гласа со истечени документи

Пратениците во Собранието денеска треба да расправаат по предлог законските измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои, освен имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врши и допрецизирање на одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, така што ќе се овозможи избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија што важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите.

Предлог изменување и дополнување на Изборниот законик се поднесени од пратениците Арбер Адеми (ДУИ), Мартин Костовски (СДСМ) и Никола Мицевски (ВМРО-ДПМНЕ).

Во предлог текстот, се вели дека предложеното законско решение е во насока на подобрување на изборниот процес и обезбедување на еднакво, демократско и слободно избирачко право.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button