ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе расправаат за задолжителното пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж

Измените и дополнувањата на Законот за работни односи, кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, денеска треба да се најдат на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Тие се предложени во дневниот ред и за пленарната седница на Собранието која треба да започне денеска.

Предлогот за задолжително пензионирање пред два дена беше поднесен од пратениците на СДСМ, а во него се предвидуваат и исклучоци.

Исклучоците ќе важат за секторите каде што има дефицит на кадар, односно здравството и високото образование. Кога координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески ги презентираше предлог-измените, посочи дека за да се овозможи и преоден рок нема да одат во пензија ниту оние што наполниле 64 години, а до 31 август 2020 поднеле барање за продолжување на договорите за вработување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button