ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците на одмор, локалните избори ќе се распишат на 6 август

Пратениците се на годишен одмор. Претседателот на Собранието Талат Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври годинава.

Advertisements

Како што потврдуваат од Кабинетот на Џафери и според Деловникот на Собранието, одморот на пратениците е до крајот на август. Претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието.

Џафери минатата недела на средба со новинарите рече дека со седниците ќе продолжат по одморот, кога ќе работат по преостанатите незавршени седници. Нова седница ќе биде закажана на средината на септември.

Спикерот Џафери одморот ќе го помине во соседна Албанија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button