Пратениците од власта: „Не губиме надеж за уставните промени“

Пред почетокот на седницата во Собранието владееше опуштена атмосфера. Најголем проблем пратениците имаа каде да ги паркираат автомобилите. Некои се погрижија да дојдат во ред за да имаат можност да зборуваат пред медиумите. Од сите политички партии имаше различни мислења за очекувањата од денешната седница.
„Во вакви моменти сите треба да бидат оптимисти и да не губиме надеж. Без разлика дали ќе ги имаме бројките денеска или не ќе продолжиме да се бориме до последен момент“, рече Арта Биљали-Зендели, ДУИ.
„Да не навлегуваме во прогнози. Денеса е важен ден, ќе видиме. Според информациите, тие имаат Европски фронт само за да ја одржат власта во живот, а не интеграциите или стратешките интереси на државата“, рече Изет Меџити, Демократско движење.
На прашањето дали обезбедиле двотретинско мнозинство, Мендух Тачи одговори:
„Ништо. Нема да има промена надвор од она што го кажавме претходно. Политичката сила не е за уставни измени, ние ќе направиме обид, но не очекувам да има уставни измени“, рече Скендер Реџепи, независен пратеник.
Некои беа на мислење дека доколку не се изгласаат измените, ќе има предвремени избори, но тоа нема да биде добро решение за земјата,. Други пак, стравуваат дека ваквото одложување ѝ оди во корист на Бугарија.
„ВМРО е партија која ја носи водата кон бугарската воденица. Ако се залагаат за заштита на македонскиот идентитет и ако не почнеме преговори со ЕУ, може да има поголем број на Македонци кои ќе добијат бугарски пасоши“, рече Халил Снопче, АА.
„Се надевам дека денеска секој пратеник треба добро да размисли бидејќи оваа шанса не се нуди секој ден. Се работи за иднината на нашата држава“, рече Арбен Зибери, ДУИ.
„Имаме длабоко убедување дека ќе се гласа, веруваме во процесот, затоа станавме дел од процесот. Мислам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на свеста да го сфатат овој историски момент“, изјави Елми Азири, АА.
Првиот човек на Демократскиот сојуз рече дека ќе гласа против, изразувајќи незадоволство од изјавата на премиерот Ковачевски од вчера дека сè уште има пратеници од поранешните структури на српската УДБА.
Додека пратениците влегуваа во Собранието, пред зградата имаше демонстрант. Им покажа среден прст изразувајќи го својот револт кон оние кои, како што рече, сакаат да ја предадат државата.
Аднан Ќаили