ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците следната недела се враќаат на работа

Следната недела пратениците треба да ја започнат новата сесија по летните одмори. Според најавите, во вторник на 30 август ќе се одржи координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи на која ќе се договори динамиката на работа за неделата и периодот што доаѓа.

Advertisements

Меѓу првите активности во Собранието најверојатно ќе биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд, како и точки од дневен ред на заостанати седници, вклучувајќи и гласање по одредени закони за што немаше кворум пред одморите.

Пред одморите, на последната средба со новинарите, претседателот на Собранието Џафери информираше дека неделата по враќањето од редовниот одмор ќе заседаваат комисиите и ќе се одржат продолженија на одредени седници, како и дека првата нова редовна седница ќе биде закажана на 13 септември.

Џафери тогаш нагласи дека доколку има потреба, нова седница ќе биде закажана и порано. Според информациите од Собранието, доколку Владата побара прогласување кризна состојба, Џафери може веднаш или до 1 септември да свика седница и одлуката да биде донесена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button