ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пратениците во Собранието ја почнуваат работата

Во македонското собрание денеска треба да се одржи редовната координација на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи од која треба да произлезат активностите за тековната недела. Најавени се и седници на две собраниски тела. Според веб страницата на Собранието, закажани се седници на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за одбрана и безбедност, додека утре се очекува да се одржи првата пленарна седница за оваа година. Членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе ја слушнат Програмата и приоритетите на Шведското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2023 година.