ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Правда го изготви предлог-законот за помилување

Министерството за правда денеска преку писмено соопштение информира оти до Владата е доставен предложениот закон за помилување кој од минатата година е во фаза на изработка.

Advertisements

Според преложеното законско решение, претседателот на државата ќе може да помилува само лица кои се правосилно осудени и на кои веќе им е одредена казна, но не и оние кои се предмет на кривично гонење.

Како една од клучните одредби на предлог-законот, од Правда ја посочуваат и самата постапка за помилување каде што, како што нагласуваат, се предвидени кратки рокови за секоја од иснтитуциите кои се вклучени во постапката. Како значајни, Министерството за правда ги истакнува и одредбите за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени.

​„Причините за донесување на законот за помилување, пред сè произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот закон“, посочуваат од Министерството за правда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button