Правда го изготви предлогот за разрешување на државниот обвинител
Правда го изготви предлогот за разрешување на државниот обвинител

Министерството за правда подготви мислење по предлогот на Владата за разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Според наведеното, во мислењето на правда стои дека обвинителството под палка на Коцевски било мета на низа скандали, нарушена функционалност, нарушени меѓучовечки односи, но и незаконски постапувања и корупција. Оттаму велат дека Коцевски постапувал во предмети во кои требало да биде свесен дека постои судир на интереси.
„Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките„, велат од Министерство за правда.
Предлогот за разрешување на Коцевски ќе треба да биде доставен и до советот на јавни обвинители, од каде исто така ќе треба да подготват мислење, а потоа да се закаже и седница во Собранието каде овој предлог ќе се најде пред пратениците на гласање. Денеска пак против Коцевски кривична пријава поднесе и вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, против кој претходно Коцевски поведе дисциплинска постапка со образложение дека сторил тешка дисциплинска повреда. Во изјава за порталот ,,Република,, Цветановски вели дека предлогот за дисциплинска постапка против него не е основан бидејќи не е објаснето за каква крупна професионална грешка станува збор и дека јавниот обвинител неоправдано направил сериозен професионален пропуст. Токму поради обвинувања за непрофесионално работење Владата и ја поднесе иницијативата за разрешување на Коцевски, кого го обвинуваат и дека незаконски поставил шеф на вишото скопско јавно обвинителство додека се води постапка против сега веќе поранешниот раководител на тоа обвинителство Мустафа Хајрулахи./Алсат.мк
Михаило Донев