МАКЕДОНИЈА

Правно признавање на родовиот идентитет, Бошкова: Недостаток на демократски капацитет кај Владата

Адвокатката Наташа Бошкова, правна застапничка на коалицијата „Маргини“, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, повлекувањето од собраниска процедура од страна на Владата на предлог измените на законот за матична евиденција со кој треба да се овозможи правно признавање на родовиот идентитет, го оцени како немање демократски капацитет.

Advertisements

„Мислам дека со овој потег Владата покажа дека нема демократски капацитет во Собранието да ги разговараме овие спротивставени аргументи на одредени пратеници и таму да најдеме решение за унапредување или подобрување на текстот на предлог законот. Повлекувањето на законот не е решение на проблемот“, вели Бошкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button