ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Православните го слават Велигден, Воскресението на Христос
Православните го слават Велигден, Воскресението на Христос

Честитки за здравје, мир, благосостојба и единство беа упатени за православниот празник Велигден. На централната манифестација во храмот Свети Климент Охридски во Скопје, многу граѓани дојдоа и синоќа и утринава.
По неколкунеделен пост денеска се спрема мрсна семејна трпеза.
Велигден е најголемиот празник на христијанската црква кој го слави Воскресението на Исус Христос. Прославите започнаа со саботната вечерна литургија. „Христос воскресе, навистина воскресе“ е вообичаениот поздрав на овој празничен ден, а главен народен адет потоа е кршењето и подарувањето на велигденски јајца./Алсат.мк
Ајнур Бафќари