Православните христијани денес го слават Бадник, а од полноќ ќе го слават Христовото раѓање
Православните христијани денес го слават Бадник, а од полноќ ќе го слават Христовото раѓање

Православните христијани денес го слават Бадник, ден пред празникот Божиќ.
Одбележувањето на Бадник во Скопје започна пред Музејот на град Скопје во организација на Здружението на граѓани „Совет за традиционалниот празник Бадник“, а граѓаните заедно со децата ги испратија своите пораки за оваа празник.
“Пораката е да има мир во светот, тоа е поважно. Верба во Бога , самодоверба и доверба во луѓето и сè ќе заврши добро“,рече еден граѓанин.
„Овој ден е многу важен. Еден од најголемите празници и навистина раѓањето Христово ни носи радост и благослов„, додаде друг граѓанин.
„Овој ден е важен, го поминуваме со семејството, децата дома. Ова е еден од најубавите презници. Божиќ и Велигден“, додаде друг граѓанин.
Според претседателот на Здружението на граѓани, на овој настан учествувале над 3.000 граѓани од повеќе општини од Скопје.
Покрај симболот на ѕвездата која децата ја држеа во своите раце денес, симболот на Божиќниот празник е и Бадниковото гранче со кое православните верници ги украсуваат своите домови .
Вечерва на полноќ православните верници го слават Христовото раѓање./Алсат.мк
Авни Тахири