ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Православните верници го празнуваат Велигден

Православните верници денеска го празнуваат еден од најголемите христијански празници, Велигден, ден на христовото воскресение. Празникот беше одбележан во сите храмови на Македонската православна црква, а се одржаа и литургии. Црквата испрати порака за мир, но и политички пораки.

Advertisements

„Возљубени чеда во Христа восекреснатиот. Со незимерна тага ги следиме известувањата за братоубствената војна која изминативе земји се води по украинската православна земја. Кон нашиот православен народ пак, еве и во мир се води војна и продолжуваат непријателставата и негирањата. Затоа да го молиме воскреснатиот господ да ни ги дарува потребните мудрост и единство и нам во татковината и на секаде до каде што не има по светот за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа“, рече Отец Сашко Николовски.

Верниците за празникот донесоа велигднесаки јаца во црквите и си посакаа мир и здравје.

„Овие се моменти кои не можат да се заборават, нели ова ќе не одржи ако не одржи. Само верата може да не одржи.“

„Велигден значи, како да го објаснам… тоа е некое чувство коешто она што го кажува господ Исус Христос во суштина, тоа е целата вистина. За воскресението и за душите.“

„Овој празник е нешто што христијанството мора да го почиува засекогаш додека постои земјинава кугла мора да го почитува. Да се сплотиме да живееме во една убава заеднаца, да не се мразиме, да имаме љубов, среќа, разбирање, за секого. Секој на оваа земја што дошол, дошол со некаква порака од Бога“, рекоа верниците.

Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога се бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ.

Државните претставници како и лидерите на партиите испратија честитки по повод Велигден.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button