ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Православните верници во земјава го слават Божик

Државниот врв го честиташе православниот празник Божиќ, упатувајќи пораки за мир, среќа и хармонија. Од централната манифестација во црквата „Свети Климент Охридски“ во Скопје, честитка упати првиот човек на државата, претседателката Гордана Силјановска, Давкова.
Претседателот на Собранието Африм Гаши посакува година полна со успех, благосостојба и здравје.
„Почитувани граѓани од православна вероисповед. Во име на Собранието на Република Северна Македонија, упатувам најтопли честитки за православниот Божиќ. Овој ден е можност да се истакне важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранција, солидарност и почит еден кон друг“, порача Гаши.
Ајнур Бафќари