ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Празна каса и немање работници на туристичката точка Попова Шапка

Празна каса и немање работници на туристичката точка Попова Шапка

Добар почеток на зимската сезона во ски центаот Попова Шапка изгледа како невозможна мисија. Според новиот директор, состојбата е мизерна, касата е празна, работници нема, додека проблеми има и со жичарниците.

Advertisements

„Најдов два месеци неисплатени плати на работниците, без средства за подготовка за сезоната, бидејќи се потребни средства за почеток на сезоната. Потешка е состојбата на ски-лифтовите кои немаат техничко одобрение и доцниме во овој дел, но ангажиравме луѓе и ги започнавме процедурите за до почетокот на сезоната да ги имаме комплетирани во случај на некој поголем проблем”, рече Абдулгани Алији- директор на туристичка точка Попова Шапка.

Алији предупреди на ревизија на работата на поранешниот директор бидејќи според него постојат сомневања за бројни злоупотреби.

„Ние како раководство, но и надзорен одбо, вчера го ставивме на дневен ред барањето да има внатрешна контрола за злоупотреба и дефинитивно ќе бараме нашата компанија да има внатрешна контрола“, додаде Абдулгани Алији Директор на туристичка точка Попова Шапка.

Алији нагласи дека и покрај многуте пречки што ги има овој ски центар, се надева дека новата сезона ќе започне навреме./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button