ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Празни полиците за леб, граѓаните велат – сами ќе месиме!

Одлуката на владата за замрзнување на цената на лебот ги остави празни полиците во продавниците откако производителите на леб ја прекинаа работата во знак на протест поради ограничувањето на цената на 33 денари.

Advertisements

Граѓаните денеска можеа да се снабдат само со леб кој има подолг рок на траење, или кој останал од изминатите денови, но и од помали пекари кои имаат цена приближно иста како таа со владината одлука.
Граѓаните ја поздравуваат одлуката за намалување на цената, бидејќи сметаат дека цената на лебот досега била многу напумпана. Тие воопшто не се плашат дека ќе останат без леб. Велат дека леб ќе прават дома.

„Нека не произведуваат, ќе купуваме брашно и сами ќе праиме леб. Тие дури треба да се затворат, дали знаат дека нивните деца возат коли од 100 илјади евра, ги познавам добро… се збогатуваат на грбот на народот…. Еден ѓеврек чини 30 денари, колку килограми брашно треба да се потрошат за да се добие еден геврек“.

„Не знам, за мене скапо е, повеќе готвиме дома.. веќе 1 година, од почетокот на кризата“, велат граѓаните.

Инаку, малите пекари продолжија да произведуваат леб…

Владата вчера ја усвои одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб. Од денеска ваквиот леб во сите пекари и продавници во земјава ќе се продава по 33 денари за векна од 450 грама.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button