Празникот Бајрам ги затекна работниците кои ја одржуваат чистотата во главниот град на работа
Празникот Бајрам ги затекна работниците кои ја одржуваат чистотата во главниот град на работа

Меѓу работниците кои работат денес на денот на Курбан Бајрам, на улицата ги сретнавме одржувачите на чистотата во градот.
„Ајрлија работа и среќен празник. Иако е празник, градот мора да се одржува. Мора да се чисти.“
Откако клањаа Курбан Бајрам и им го честитаа празникот на своите најблиски, се упатија кон работа; за да ја одржат чистотата на Скопската чаршија.
Одржувач на хигиената на градот:
„Требаше денес да бидам дома, но еве, работата мора да се заврши бидејќи има посетители, чаршијата е поинаква од другите делови и мора да се одржува. Сме на работа по наша волја. Ако ние не го одржуваме градот чист, дали треба да дојдат некои однадвор?
Славеше дома? Да, и потоа излегов на работа.
Дали е тешка работата? Не, затоа што секоја работа што ја работиш со желба не е тешка, а ако не сакаш некоја работа, тогаш е тешка.
Со платата се снаоѓаш? Не е лошо, но стандардот е малку висок, а човек колку и да има – толку и троши.
Среќен празник уште еднаш.“
Во однос на одржувањето на хигиената за празникот Курбан Бајрам, во неколку скопски општини се поставени соодветни контејнери за фрлање на остатоците од курбанот. Општина Чаир, во известување до граѓаните, информираше дека на три локации се поставени три специјални контејнери за отстранување на курбанските остатоци. Општинските власти упатија апел до граѓаните, доколку има потреба од дополнителни контејнери, да се обратат до општината.
„По повод празникот Курбан Бајрам, се поставени три специјални контејнери за фрлање на остатоците од курбанот – во Серава, во Дуќанџик и во Чаир – кај Новата Џамија“, велат од Општина Чаир.
Освен во општина Чаир, специјални контејнери за отстранување на остатоците од курбанот се поставени и во Арачиново, Студеничани, Шуто Оризари, како и во неколку други скопски општини./Алсат.мк