Празникот ги испразни градовите, ги наполни граничните премини
Празникот ги испразни градовите, ги наполни граничните премини

Празниците речиси целосно го испразнија главниот град. Иако денеска е празник само за вработените од православна вероисповед, многу работници си дадоа цел слободен ден или работа е со скратено работно време.
„Велики Петок го преполови бројот на работници во државните институции. На шалтерите за лични документи не работат со полн капацитет. На работа се само претставници Албанци”, известува Ајнур Бафќари, Репортерка.
Најголем дел од граѓаните ги поврзаа празниците бидејќи понеделник е неработен ден за сите граѓани.
„Дури и една од најфреквентните скопски улици, каде што моментално се наоѓаме, денеска е празна. Како што може да се види, движењата се многу ретки“, известува Ајнур Бафќари, Репортерка.
Од туристичките агенции велат дека многу граѓани одбрале да заминат во странство. Избирале понуди кои чинат помалку од 300 евра. За излез кон Грција утрово се чекаше и до еден час, а на Табановце 30-тина минути. Оние пак, кои патуваа од скопскиот аеродром за викендов ги одбрале Рим и Париз.
Aјнур Бафќари