Празникот Курбан Бајрам го честиташе и највисокиот врв на државата

Претседателот Стево Пендаровски им посака на муслиманските верници овој празник да го поминат во хармонија, продолжувајќи со напорите за градење држава во која преовладува разбирање, соживот, хармонија и грижа за другиот.
Претседателот на Собранието во честитката на муслиманските верници посака овој празник да ги најде во добро здравје, во душевен мир и семејна топлина.
Премиерот Димитар Ковачевски на верниците им посака овие празнични денови да ги поминат во мир, љубов и среќа во своите домови. Во честитката, Ковачевски посакува овој ден да не зближи уште повеќе во нашите заеднички напори за промовирање на демократските и европските вредности во духот на мултикултурализмот, по што сме познати низ светот.
Честитки за овој значаен празник од исламската вероисповед упатија и лидерите на политичките партии во земјава. Нивната порака на овој празничен ден беше дека во секој дом да преовладува солидарноста, толеранцијата, меѓусебното разбирање, соживотот и добрината кон сите, економската благосостојба и семејната топлина.