МАКЕДОНИЈА

Пребрзо возење – најчестиот сообраќаен прекршок во Скопје

Во Скопје вчера се изречени вкупно 236 казни за сообраќајни прекршоци во рамки на засилените сообраќајни контроли на полицијата. Најмногу санкции има за возење повеќе од дозволената брзина, вкупно 83.

Advertisements

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од останатите изречени мерки 24 се за возење без возачка дозвола, 15 за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и девет санкции за користење мобилен телефон при управување со возило, четири за минување на црвено светло, пет за некористење сигурносен појас, 49 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и за посигурни патишта. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button