ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пред Бајрам, цените до плафон

Пред Бајрам, цените до плафон

Еден ден пред празникот Курбан Бајрам, вака изгледаше денес Битпазар… Многу граѓани ги прават последните подготовки за Курбан Бајрам .. Пазарот беше преполн, но граѓаните се повеќе ја скратуваат листата за купување поради високите цени. Ги купуваат само неопходните нешта.

“Познати цени се, 80 денари домати, 120 денари пиперки. Да не зборуваме за облека, кошула од илјада денари, до нив не може да се стигне… Земавме нешто, земавме нешто за децата колку што можевме“, рече еден граѓанин.

До плафон се кренати цените денеска, скапо е.
Што купивте?
Ништо, по еден килограм, половина килограм, нема повеќе пари. Многу скапо. Вчера беше поевтино, денес е поскапо. Нема, пензија земаш 12 илјади денари, а килограм пиперки 120 денари“, рече еден граѓанин.

„Цените не прашувај, катастрофа…
„Ги земавте ли вообичаените работи?“, додаде друг граѓанин. Некои работи да, некои не, бидејќи цените се високи, платите се ниски, тоа е проблемот.
Им земавте ли на децата за оваа година?Не оваа година на децата не, не се постигнува,„ додаде друг граѓанин.

Дека цените се високи се согласуваат и дел од продавачите, кои велат дека работат со минимален профит, но побарувачката се повеќе се намалува и причина за тоа, според нив, се ниските приходи на граѓаните.

„Се жалат дека немаат, платите им се слаби и затоа се жалат. Цените се според стандардот што го имаме, но што да правиме. Ова е најнискиот процент на добивка што го имаме на пазарот, никаде на друго место нема понизок процент. Што да се прави „, рече еден продавач.
„Цените се прифатливи, како и сите други бајрами. Продажба има, интересот е голем…  Без баклава нема бајрам, нема многу скапи цени, баклавата се продава целата, а имаме и кадаиф, но верувам дека и кадаифот ќе се потроши.. Еден килограм баклава е 200 денари, а еден килограм кадаиф е 200 денари“, додаде друг продавач.

Курбан Бајрам е еден од двата празника на муслиманските верници. Овој празник е познат и како Празник на пожртвувањето./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button