ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предистрага за незаконски поставените школски директори во Струга

Незаконското назначување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко од страна на градоначалникот Рамиз Мерко е во фокусот и на Основното јавно обвинителство. До нив Државната комисија за спречување на корупцијата ги достави потребните документи поврзани со незаконското назначување на повеќе лица за директори. Но, од обвинителството не откриваат детали.

Advertisements

„За назначувањата во сите овие институции ОЈО Струга веќе претходно има оформени предмети од почетокот на годинава и се прават проверки. Во предистражна постапка се проверуваат и други назначувања, но јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во интерес на постапката“, наведуваат од ОЈО.

Антикорупциска достави иницијатива до струшкото обвинителство и за гонење на градоначалникот Мерко за злоупотреба на службената положба. Причина беше незаконското назначување на в.д. директор во основното училиште во стушкото село Велешта. Од Алијанса за Албанците бараат министерот за образование, Јетон Шаќири, веднаш да му ги одземе ингеренциите на Мерко.

„Вашата интервенција, колку и да е минимална, ќе го запре трендот на интервенција на политиката во основното и средното образование во општината, како и падот на нивото на образованието во општина Струга, додека вашето неинтервенирање како што сте направиле до денес ќе докаже дека сте контролирани од НОН МЕРКО…“, вели Љуљзим Насуфи- претседател на АА Струга.

Инаку вчера поранешниот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски, откри во јавноста дека не само во Велешта, туку слични вакви незаконски поставени директори има и во селата Подгорци, Радолишта, Лабуништа, па дури и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга. Во сите училишта именуваните биле по два пати на таа функција и не биле од редот на вработените, туку донесени од надвор.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button