ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Предлог измените на Законот за образование денеска пред пратениците

Собранието денеска треба да ја продолжи 43-тата седница, на чиј дневен ред остана повеќе точки, меѓу кои и предлог измените на Законот за основното образование и предлог законските решенија за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи и за управување со дополнителни текови на отпад, сите во прво читање.
На дневен ред се и годишните извештаи за 2020 година за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, на Агенцијата за електронски комуникации, на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.