ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлог-министрите и владината програма доставени во Собранието

Кандидатот за премиер Димитар Ковачевски до Собранието ги достави составот и владината програма. Според него, програмски приоритети се надминување на актуелните кризи и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Advertisements

Ковачевски истакна дека отворањето на преговорите со ЕУ и полноправното членство остануваат единствената алтернатива за С. Македонија. Останувањето на некои кадри во идниот владин кабинет Ковачевски го оправда со остварувањето политички резултати во одредени ресори.

Дебатата за владината програма и нејзиниот кадровски формат ќе се одржи викендов. Седницата ќе биде свикана во сабота, додека во недела пред полноќ ќе треба се гласа. Следниот владин кабинет ќе брои 21 место, од кои тројца вицепремиери, 17 министри, меѓу кои и министер без ресор.

Во понеделник ќе се изврши примо-предавање на функциите. Следната влада ќе има мнозинство од 64 пратеници, како коалиција меѓу СДСМ, ДУИ, Алтернатива и ДПА.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button