МАКЕДОНИЈА

Предлог-одлуката за пониски плати на функционерите и пратениците поддржана од собраниската Комисија за избори и именувања

Со осум гласа „за“, ниту еден против и воздржан, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја донесе Предлог-одлуката за определување на коефициентите за утврдување на платата на претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија.

Согласно Одлуката, коефициентите за утврдување надоместок на плата и плата на функционерите кои изнесувале од 2,20 до 4,50, се намалуваат и изнесуваат од 1,91 до 3,92. Се намалуваат и коефициентите на платите на пратениците. Тие се движеа од 3,5 до 4, а сега се заменети со коефициентите од 3,04 до 3,92.

Коефициентите ќе почнат да се применуваат со исплатата на платата за февруари 2024 година.

За расправа по оваа точка не се јави никој од присутните членовите на Комисијата.

Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, потсети дека Собранието вчера, по скратена постапка, ги донесе законските измени кои треба да овозможат примена на Предлог-одлуката за платите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button