ЕКОНОМИЈА
Предлог ребалансот буџетот на расправа во матичната комисија

Предлог ребалансот на буџетот се најде пред пратениците на расправа во матичната комисија. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред пратениците го претстави новото прекројување на државната каса, како непходно за финансирање на четвртиот сет економски мерки за спас на економијата погодена од панедмијата. За предлог ребалансот се поднесени 186 амандани, од кои во најголем дел се поднесени од страна на опозициската ВМРО- ДПМНЕ или 177 амандмани. Предлог ребалансот ќе биде во матичната комисија на расправа во наредните 10 дена за потоа да се најде на пленарна седница на гласање.