
Вклучувањето на младите во процесите и донесувањето одлуки е од суштинско значење. Ова беше заклучокот на лидерите од земјите од Западен Балкан, Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ во рамките на регионалниот форум за млади лидери. Премиерот Зоран Заев ја истакна потребата од економска соработка и солидарност во ова време на криза.
Премиерот на Албанија, Еди Рама ја истакна потребата од заеднички фонд за соработка помеѓу младите од целиот регион.
„Ние сме поврзан систем во сите сфери. Мислам дека владите на земјите во регионот треба да обезбедат средства за да се зајакне соработката помеѓу младите од регионот. Оваа ситуација ни овозможи за прв пат директно да ги видиме недостатоците на демократскиот свет”, рече Рама.
Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека земјите од Западен Балкан не можат да очекуваат Европа и Америка да работат за нив.
„Ние мора да седнеме и да работиме заедно за нашите заеднички интереси. Ниту европејците, ниту Американците не можат да ни помогнат колку што можеме да се напредуваме додека соработуваме“, рече Вучиќ.
На состанокот требаше да присуствува и Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на конференцијата, но тој се повлекол во последен момент од сè уште непознати причини. Конференцијата за соработка се одржува една недела пред самитот на Берлинскиот процес, со кој оваа година претседаваа Северна Македонија и Бугарија.
Адријан Керими