ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка проследен на натамошна собраниска постапка

Собраниската Комисија за европски прашања на денешното четврто продолжение на седницата го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка и одлучи да го проследи на натамошна собраниска постапка.

Претходно, во расправата не беа прифатени два амандмана поднесени од пратеници од опозицијата. Со првиот амандман се предлагаше да се избрише членот четири од Предлог-законот и членот со кој се предвидува обврска за плаќање на петкратен износ на данок во случај кога даночниот обврзник не може да докаже дека даночното ослободување го искористил за вложување во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста. Со вториот амандман се бараше бришење на членот пет од Предлог-законот и да продолжи постојниот модел за финансирање на спортот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button