Предлог-законот за локална самоуправа денеска не беше ставен за гласање
Предлог-законот за локална самоуправа денеска не беше ставен за гласање

Иако беше ставен на дневен ред, Предлог-законот за локална самоуправа повторно не беше ставен на гласање. Пратениците денеска дебатираа и гласаа само за една точка. Ова го налути Европскиот фронт.
„Како што се чини оваа седница која беше закажана вчера, не знам која беше итноста во Собранието да дојдат 120 пратеници за една точка, да ги направат сите оние патни трошоци за кои често добиваме критики, особено што за денес е утврден собранискиот караван во градот Тетово“, рече Арбана Пашоли – Европски фронт.
Предлог-законот за локална самоуправа, всушност, ќе мора долго да чека, бидејќи за да помине, потребно е и бадентерово мнозинство, кое парламентарното мнозинство го нема во моментов. Координаторот на пратеничката група ВРЕДИ, Беким Ќоку, за Алсат вели дека овие законски измени не го загрозуваат бројот на советници, туку дека измените се засноваат на актуелниот закон од 2002 година.
„Опозицијата, ДУИ, главно манипулира во име на овој принцип, особено во однос на законот за локална самоуправа, бидејќи во овој предложен законски предлог, измена на закон, а бидејќи законот постои од 2002 година, работеа експерти од сите етникуми, па имаше и професори и експерти од Албанија со кои контактиравме и тие немаат забелешки на овој предложен законски амандман“, рече Беким Ќоку – координатор на ВРЕДИ.
Ќоку негира дека во предложените измени граѓаните се поделени на резиденти и нерезиденти. Тој вели дека граѓаните од дијаспората се измамени регистрирајќи се онлајн.
„Не се појавува во ниту една позиција во закон зборовите, резиденти и нерезиденти. Во овој предлог-закон нема одвојување. Не постои член, ниту став од членот во кој се споменува оваа поделба“, додаде
Беким Ќоку – Координатор ВРЕДИ „Ова е пропаганда и измама што ја прави ДУИ.
Европскиот фронт нема намера да го поддржи овој предлог закон, а вчера на пратенички прашања Илире Даути побара ова законско решение да биде повлечено бидејќи, како што рече, тоа може да доведе дури и до исклучување на дијаспората од гласачките листи. На ова барање премиерот Христијан Мицкоски излезе со нова понуда, Македонија да биде само со една изборна единица. Поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, пред неколку дена побара сите албански пратеници да се повлечат од ова гласање и да ги оневозможат измените. Предлог-законот предвидува не само регулирање на демографската статистика, туку и референдум за смена на градоначалникот на општината, можност која во моментов не постои со законите кои се во сила./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу