Предлог законот за Судскиот совет предвидува разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да се врши јавно

Разрешувањето на претседателот на Судскиот совет се врши јавно и во никој случај јавноста да не се исклучува. Одлуката за разрешување се донесува со најмалку 8 гласа од вкупно 15 члена, додека постапката за разрешување на претседателот и потпретседателот може да ја донесат најмалку 4 члена. Ова е само една од измените предвидени во предлогот на новиот закон на Судскиот совет, кој беше објавен во Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР, додека се чека мислењето на Венецијанската комисија. Претседателот на Советот, Александар Камбовски, вели дека со овие измени, Советот делумно се согласува, не прецизирајќи со кои од нив не се согласуваат.
Според предлог-законот, членовите кои не се од редот на судиите, мора да бидат дипломирани правници со најмалку 15 години работно искуство по положувањето на правосудниот испит или да бидат универзитетски професори со најмалку 7 години.
„Ова е поврзано со долгогодишното искуство што го има, репутацијата што ја има во областа во која работи, препораките што ги добива од колегите и слично“, вели Камбовски.
Според Министерството за правда, со оглед на големината на измените во однос на сегашниот закон, предвидени се измени во две третини од текстот.
Ајнур Бафќари