ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците

Собранието денеска ќе одржи три последователни седници. Пратениците во рамки на 24. седница ќе расправаат по Предлог-одлуката за испраќање припадник на македонската Армија за учество во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во второ читање и Предлог-законот за гаранција на Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента II: ФЕ Битола 2 и Компонента III: Ветерен парк Богданци – фаза 2, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.