Предлогот на Левица судиите да бидат кривично гонети, не помина
Предлогот на Левица судиите да бидат кривично гонети, не помина

Предлогот на Левица судиите кои ќе работат спротивно на законот да бидат кривично гонети не помина во Собранието. Гласаа само петмина пратеници, од кои четворица за и еден против. Сепак, партијата предлагач нема да се откаже и ќе иницира средба со претседателката на државата.
Изјава тонско Амар Мециновиќ, пратеник на Левица (од 3.59 до 4.24) – Би пристапиле кон барање на средба со претседателката на република Македонија, како пратеничка група, таа да иницира промени во амандманот 27 од 2005 година со кој всушност се изземаат судиите од кривична одговорност, така да, таа како професор по уставно право сметаме дека би можеле да дојдеме на некој прием кај неа, таа да ги иницира уставните измени со кои би се вовела кривична одговорност.
За владејачкото мнозинство овој предлог е неуставен.
“Таквиот закон не е уставен и тие тоа добро го знаат, но повторно сакаат да растураат перја. Доколку сакаат да помогнат во насока на реконструирање на судството нека го искажат својот став за промените во судскиот совет, како и за промена на јавниот обвинител”, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Предлогот не доби поддршка ниту од опозицијата бидејќи не нудел системско решение на проблемите во правосудството.
„Се што се случува во правосудниот систем мора системски да пристапиме и системски реформи да направиме. Секое парцијално менување на одредби е нарушување уште повеќе на веќе нарушената доверба во правосудниот систем„, рече Фатмир Битиќи, заменик координатор на пратеничка група на СДСМ.
Со предлогот на Левица секој судија кој ќе пресуди незаконски ќе се казнува со затвор од шест месеци до пет години, а доколку со таа незаконска одлука странката се здобие со значителна имотна корист судијата би се казнил со затвор од три до десет години./Алсат.мк
Михаило Донев