Предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за еден изборен круг на претстојните локални избори отвора нови дилеми.

Предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за еден изборен круг на претстојните локални избори отвора нови дилеми. Партијата на Мицкоски не одговори на прашањето на Алсат дали за нив е прифатлив моделот за избор на градоначалник, не со директни избори, туку преку општинскиот совет. Од СДСМ велат дека само една изборна единица на локалните избори и штети на демократијата во случаи кога градоначалниците треба да бидат избрани со помалку од 50% од гласовите. Не била разгледана можноста – градоначалникот да биде избран од советот.
Ниту од ДУИ нема одговор. Според албанската опозиција, приоритет се други промени во начинот на спроведување на локалните избори.
„Ние сме многу заинтересирани за промена на Изборниот законик, вклучително и првично чистење на изборните списоци бидејќи имаме многу фиктивни гласачи и овој товар паѓа повеќе врз гласачите Албанци. Во однос на изборниот модел, сметаме дека парламентарниот треба да биде со отворени листи, на локалните избори исто така со отворени листи. Не сме ја разгледале опцијата советот да го избира градоначалник, но во моментот кога ќе се дискутира меѓу двете политички партии на коалицијата, ќе дадеме став”.
Граѓаните во моментов избираат градоначалници преку директни избори каде гласаат и за општински советници. За да се смени начинот на избор потребна е само измена на Изборниот законик, која секогаш се дефинира со консензус меѓу политичките партии.
Fatlume Dervishi