ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлогот за амнестија за 27 април на собраниска седница

Пред пратениците на Собранието на Македонија, на 16 март на собраниска седница ќе се најдат Предлог законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, како и Предлог законот за амнестија, двата по скратена постапка.

Предлог законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Според координаторот на партијата Никола Мицевски предлогот е продолжение на претходниот закон за амнестија кој што е донесен во декември 2018 година, но со една голема и суштинска исправка а тоа е надминување на селективноста и селективната правда која што произлегуваше од законот донесен во 2018 година.

Со овој закон треба да бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27 април без исклучок.

За првиот предмет кој се однесува на „крвавиот четврток“ во 2017 година, кога група демонстранти упаднаа во Собрание, беа обвинети 33 лица од кои во пресрет на потпишувањето на Преспанскиот договор со закон за амнестија беа помилувани 15 лица меѓу кои и петмина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Демонстрантите тогаш протестираа против избор на нова влада.
За 16 осудени за „тероризам“ судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор. Вториот предмет се однесуваше на организатори на упадот во 2021 година заврши со пресуди за обвинетите од вкупно 25 години затвор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button