Предлогот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, останува во историја

Предлогот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, кој долго време беше заглавен во лавиринтите на Собранието, останува во историја. Бидејќи досега не беше пронајден простор за одобрување на законски измени ветени од Владата, денеска во собраниска постапка се најде постојниот закон, но кој е усогласен со Законот за прекршоци.
„Откако ќе се собрат сите коментари, и истите ќе се разгледаат, истиот закон или со суштински измени ќе треба да се достави до Владата, а потоа Владата како предлагач треба да го достави до Собранието, предлогот за соодветниот закон.
„Имаме идеја дека можеби треба да се разгледа малку поригорозен модел, каде што коцкањето е забрането за граѓаните на земјата и е дозволено само за оние кои се од странство, како што е практика во некои соседни земји, како Грција“.
Сепак, албанската опозиција вели дека не веруваат дека Владата сака да го реши проблемот со коцкањето. Поради тоа, тие наскоро ќе предложат свој закон.
„Размислуваме, како што реков, за изготвување и предлагање на закон што ќе го регулира ова прашање и во моментот кога ќе го имаме законот, ќе го доставиме во собраниска постапка. Иако гледате дека опозицијата се соочува со голема опструкција на парламентарното мнозинство, тие не гледаат причина да третираат ниту една иницијатива што ја предлагаме во Собранието, во работните тела“.
Иако минатиот мандат, пратениците на ДУИ и парламентарното мнозинство ветија на Движењето против коцкањето дека во Собрание ќе помине предлог- законот за игри на среќа, со кој казината и обложувалниците ќе бидат обврзани да ги напуштаат населените места и училиштата, тоа не се случи. Но, Движењето против коцкање, пред две недели изјави за Алсат дека ако Владата не го реши овој проблем наскоро, тие ќе протестираат е и ќе го блокираат главниот град.
Mefail Ismaili