ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлогот за сменат на Коцевски, во мирување

Предлогот за сменат на Коцевски, во мирување

Разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ставено во мирување – постапката се запира поради трагедијата во Кочани, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека во овој момент приоритет е истрагата за пожарот во Кочани, за која обвинителите и МВР работат со заеднички сили.

Advertisements

“Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството, планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите коишто работат, посебно на случајот којшто се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат” – Христијан Мицкоски.

Предлогот за разрешување на републичкиот обвинител дојде токму од Владата – Коцевски се соочи со критики за своето работење и со обвинувања дека обвинителството под негова палка не е функционално. Барањето за неговото разрешување стигна до Советот на јавни обвинители, каде пак за утре е закажана седница , а на дневен ред се наоѓа точката за разгледување на предлогот за негово разрешување. Претседателката на Советот, Душица Димитриевска, во телефонски разговор за Алсат вели дека досега немаат добиено никаков допис од Владата за повлекување на точката за Коцевски и дека ако остане така, седницата утре ќе биде одржана. Според процедурата, откако Советот изготвува мислење за предлогот за смена, на потег е Собранието – кои со 61 глас можат да го разрешат државниот обвинител. /Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button