ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предложени три иницијативи за денешната седница на Уставен суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 29-та седница со дневен ред на кој се предложени три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и едно барање за заштита на слободи и права.

Со првата иницијатива се оспорува членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а подносите е Илија Русев.

Во наводите на инцијативата се наведува дека со измената на Законот за работни односи, се повредува уставното начело на еднаквост и начелото за владеењето на правото и правната сигурност, при што во конкретниот случај, одредени стопански и нестопански дејности како здравството, универзитетите, судството се ставени во поповолна ситуација, со што на посреден начин се заобикува Законот за работни односи, односно се отвора можност со друг закон поинаку да се регулираат односите поврзани со престанок на договорот за вработување. Подносителот наведува дека со сите горенаведени тврдења се прави нееднаков третман на работниците.

Со втората иницијатива се оспорува член 87 став 2 од Законот за административни службеници, а поднесителот на иницијативата Владан Цибрев се посочува дека со оспорената одредба службениците остваруваат различна основна плата за иста работа на исто работно место и затоа во иницијативата се наведува дека се прави директна повреда на членот 32 став 3 од Уставот кој меѓу другото предвидува дека секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место.

Третата иницијатива  го оспорува член 22 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button