ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предметот против Дрин Ахмети во случајот Соравија, една година по отворањто, се уште во предистражна постапка

Предметот против Дрин Ахмети во случајот Соравија, една година по отворањто, се уште во предистражна постапка

Една година по отворањето на предметот против Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со купувањето на трговскиот центар „Соравија“, предметот се уште е во предистражна постапка. Обвинителството за Алсат, појаснувајќи ги мерките што ги презело во овој период, нагласува дека законски не се обврзани со рокови за постапување.

Advertisements

„Обезбеден и анализиран е најголемиот дел од собраната документација, се очекува анализа на дел од документацијата која по наредба на предметниот обвинителот ќе ја спроведе единицата за финансиски криминал – Сектор за криминалистички истраги во Секторот за сузбивање организиран и сериозен криминал, но и Единицата за економски криминал – Сектор за криминал и економска корупција во Одделот за криминалистичка полиција во МВР“, велат од Обвинителство за организиран криминал и корупција.

Од обвинителството објаснуваат дека од досегашната анализа на прибраната документација во соработка со Управата за финансиско разузнавање, се преземаат и други предистражни дејствија.

„Во меѓувреме, по добиени податоци од Управата за финансиско разузнување, обвинителот поднесе барање за меѓународна правна помош од САД поради утврдување на релевантни факти важни за истражната постапка„, велат од Обвинителство за организиран криминал и корупција.
Дрин Ахмети и стана познат на јавноста, откако беше обелоденето дека станал сопственик на 39 отсто од акциите на Трговскиот центар „Соравија“ во Скопје. И покрај тоа што вредноста на акциите чинеше милиони евра, Дрин Ахмети на јавноста и објасни дека овие акции ги добил без да вложи денар. Неговото објаснување беше дека заедно со неговиот деловен партнер од Албанија, Владимир Пјетер Ѓока, ја купиле „Соравија“ преку кредитна линија врз основа на бизнис идеја. Во меѓувреме Дрин Ахмети се повлече од позицијата во компанијата „Тор индустри“ преку која ги купи акциите во „Соравија„.Обвинителството и по седум месеци не успеа да обезбеди докази за случајот каде Дрин Ахмети е осомничен за нелегална трговија со пиротехнички средства, откако беше уапсен од полицијата вечерта на 30 декември, 2023 година./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button