Предметот за Законот за јазици, излегува од фиока по пет години
Предметот за Законот за јазици, излегува од фиока по пет години

Законот за имплементација на јазиците влезе во собраниска процедура на 5 септември 2017 година, а стапи на сила во јануари 2019 година, по жестока дебата меѓу албанските партии, кои инсистираа на усвојување на законот и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која се спротивстави на законот со образложение дека е неуставен.
Партијата предводена од Христијан Мицкоски, за време на собраниската расправа се обиде да го блокира законот, поднесувајќи над 35.000 амандмани во Собранието. Сепак, Собранието успеа да го изгласа, двапати откако претседателот Ѓорге Иванов, одби да го потпипше поради истите причини како ВМРО-ДПМНЕ.
Иванов, покрај тоа што не го потпиша овој закон, а и Законот за ратификација на Преспанскиот договор, беше и предмет на предистражна постапка од страна на Обвинителството, поради кршење на Уставот. Сепак, предметот во обвинителството немаше епилог.
И покрај ова, законот, без потпис на Иванов, беше објавен во Службен весник и со ова, официјално стапи на сила.
За ова ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против чинителите кои беа одговорни за објавувањето на законот, а тоа се претседателот на Собранието Талат Џафери, неговиот заменик и директорот на „Службен весник“. Според нив, со објавувањето на законот во Службен весник сториле кривично дело.
Паралелно, Уставниот суд ги покрена првите иницијативи на македонската заедница, односно професори, активисти, партии и организации, кои сметаа дека законот е неуставен.
Во 2019 година се формираше дури и предмет, но веќе пет години Уставниот суд го чува предметот во фиока и не постапува за истиот.
Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Уставниот суд се сети дека има предмет кој чека и кој е оспорен со 13 иницијативи. Од тие причини, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, кој случајно е избран за уставен судија истиот ден кога законот за прв пат доби поддршка во Собранието, најави дека ќе се стави на дневне ред на седница на Уставен- во првата недела од октомври. Според него, со овој Закон, политиката предизвикала правен хаос, кој потоа резултирал со политички хаос.
Албанските партии остро реагираа на најавата на претседателот на Уставниот суд.
Инаку, законот предвидува употреба на албанскиот јазик на цела територија на Македонија во јавните и приватните институции, а за неспроведување на истиот се предвидени парични казни. Сепак, спроведувањето не се применува, особено во безбедносните и судските органи.