

Алсат
07.09.2020 12:27
Здружението на лекари за јавно здравје на Германија предупреди дека лабораториите што тестираат примероци за коронавирус на есен би можело да ги достигнат границите на нивните капацитети.
Претседателот на Здружението, Уте Тајхерт, за германските медиуми изјави дека поради зголемениот број на заразени лица наесен, мора да се земат предвид поголеми проблеми со капацитетот на лабораторијата и подолго чекање на резултатите од тестовите за коронавирус.
Во дебатата за скратување на траењето на карантинот, таа повика на заедничко дејствување на сојузната држава и покраините.
„Мора да имаме унифицирано правило на федерално ниво во врска со должината на карантинот на заразените, за лицата за кои постои сомневање дека се заразени и за нивните контакти“, рече таа.