ВЕСТИРЕГИОН

Предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица

Актуелните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, односно задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, но и задолжително тестирање на влезните точки за оние кои патуваат со негативен тест, се продолжени за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во сила во 6 часот утрово, а важи до следниот петок 1 октомври.

За влез од Северна Македонија во Грција отворени се сите гранични премини, кои работата 24 часа, додека сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ исто како и во изминатите четири и пол месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите правила за патување кај јужниот сосед.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button