МАКЕДОНИЈА

Отповикан македонскиот амбасадор во Чешка, сопругата си ја претставувал како аташе!

Сашко Тодоровски повеќе нема да ја извршува амбасадорската функција во Чешка. Тој е отповикан и вратен дома. Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека на средина од мандатот Тодоровски е отповикан поради утврдени низа нерегуларности во работата.

Advertisements

„Има констатирано нерегуларности во функционирањето, има лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага, не се испочитувани инструкции од страна на Министерството за надворешни работи и ова е подолг процес во којшто е спроведена процедурата“, рече Османи.

Османи се осврна и на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за, како што оценија од партијата, катастрофалниот избор за назначување нови амбасадори. Ова следуваше откако дел од медиумите објавија дека доскорешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски ќе биде предлог за Париз, наместо Виктор Димовски. Освен него, наводно поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски би заминал за Белград, Андреј Жерновски за Букурешт и други. Од партијата соопштија и дека Јакуп Реџепи, кој е во роднински врски со министерот Фатмир Бесими е предлог за Сараево. Според министерот Османи обвинувањата на опозицијата прават штета на имиџот на македонската дипломатија.

„Нема да дозволам партиски пишувачи на говори да ги дискредитираат луѓето врз основа на лажни информации, коишто произлегуваат од различни канали и да испратат лоша порака до земјите коишто треба да дадат агреман“, додаде Османи.

Според Министерството, јавното шпекулирање на ВМРО-ДПМНЕ со информации од затворена владина седница е грубо кршење на законот и претставува дипломатски скандал со кој се минираат државните позиции.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button