ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зиадин Села денеска изјави дека следната година парламентарните избори ќе бидат неизбежни

Mefail Ismaili

Advertisements

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села денеска изјави дека следната година парламентарните избори ќе бидат неизбежни. Села  рече дека оваа Влада е позната по бројни скандали и трагедии. Меѓу нив ги спомена модуларната болница во Тетово, трагедијата во Бугарија, обидот да им се прости на криминалците, кражбата на гласови преку полицијата, настани за кои, според Села, никој не одговара.

„Ќе ги преземеме сите можни активности за да го зголемиме незадоволството, за да ја натераме власта да оди на предвремени избори или да ги убедиме овие пратеници дека се потребни минимум 61, за да се оди на предвремени парламентарни избори. Еден од аргументите, немањето легитимитет е доволен елемент за да се оди на предвремени парламентарни избори “.

Села уште еднаш ја нарече неморална постапката на Алтернатива да ја растури коалицијата, и да стане дел од Владата и дека оваа постапка според него е поука како Алијанса треба да го продолжи патот во следните парламентарни избори.

„Затоа што нашиот коалициски партнер оцени дека многу лесно може да се погази дадениот збор потврден со потпис, и продолжи по својот пат. Легално и легитимно како однесување на автономна политичка партија, но никако политички морално. Имаме своја автономија на дејствување, а одлуките ќе ги носиме самостојно како политички субјект. Доволно научивме лекции од политичкото однесување на политичките актери со кои коалициравме, и ќе се однесуваме во согласност со овие лекции што ги добивме “.

 

Шефот на АА зборуваше и за коалицијата во град Скопје. Тој рече дека АА ќе добие две  директорски места и неколку директори на средни училишта.

 

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button