Преговарачките позиции на Македонија остануваат исти без оглед кој ќе ја предводи владата во Софија, велат од Владата

Скопје чека формирање на новата бугарска влада за продолжување на преговорите за билатералниот спор наметнат од Софија. Владиниот портпарол Душко Арсовски за Алсат изјави дека ставот на Скопје останува непроменет, без оглед кој ќе ја предводи новата влада во Бугарија.
Министерството за надворешни работи потврдува дека веќе испратила покана во Софија за првата меѓувладина конференција, која освен од формирање на тамошната Влада, зависи и од усогласувањето на Заедничкиот акциски план, но и од годишниот извештај на Комисијата за историја.
„МНР ги следи политичките процеси и има правилна соработка со МНР на Бугарија. Очекуваме дека преговорите за формирање на новата Влада во Софија ќе го забрзаат усогласувањето на Акциониот план за соработка меѓу секторите. Министерството за надворешни работи испрати официјална покана за одржување на заедничка меѓувладина конференција и чека одговор, во зависност од ситуацијата и формирање на Владата“, наведуваат од МНР.
Заменик претседателот на Комисијата од бугарска страна, Наум Кајчев за Алсат изјави дека годишниот извештај сè уште не е целосно усогласен, додека следниот состанок на Комисијата за историја, е закажан за 22 и 23 април.
„Досега беа усогласени записниците за 9 – та и 10 – тата средба, за 11 – та има уште моменти на кои се работи. Годишниот извештај е усогласен околу 75%, но не е завршен“, вели кајчев.
Специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски рече дека продолжува со активностите за враќање на довербата меѓу двете земји.
„Најдоцна на 13 мај ќе се знае дали ќе се формира нова влада или ќе се одржат нови избори со техничка влада предложена од претседателот Радев. Во пресрет на епилогот, продолжувам со активностите започнати во заокружување на проекти од областа на медиумите, поврзување на универзитетите од двете земји, организирање повеќе состаноци на бугарски бизнисмени за инвестиции во Македонија“, вели Бучковски, вели Бучковски.
Анеса Салиху