Преговори со Бугарија, Ковачевски очекува визионерство од опозицијата при евентуална потреба од уставни промени

Премиерот Ковачевски очекува конструктивност од сите политички фактори во државата, вклучително и од опозицијата, кога е во прашање надминувањето на препреките од страна на Бугарија за членство на земјава во ЕУ. Запрашан дали би можело да се очекува поддршка од опозицијата за евентуални уставни промени со цел да се надминат препреките со Бугарија, тој вели:
„Јас се надевам дека сите ќе се убедиме во потребата, како општество и како политички репрезенти на граѓаните во Парламентот, во потребата да имаме решение со Бугарија, коешто ќе го отвори патот за почнување на првата меѓувладина конференција со ЕУ…опозицијата треба да покаже визија во однос на интеграциите на државата бидејќи, како што знаеме и при носењето на Преспанскиот договор правеа опструкции на различни начини, но денес сите викаат – да, тоа е реалност“, вели Ковачевски во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат.