Преговори со Софија, проф. Панчев: Решение тешко може да се постигне

Професорот по албански јазик во Бугарија, Антон Панчев, е песимист дека ќе се постигне решение за спорот меѓу Софија и Скопје. Според него, право на политичарите е да зборуваат со оптимистички тонови, но бугарското општество сака да види конкретни резултати во однос на правата на бугарското малцинство во северна Македонија. На прашањето на новинарот од Алсат – дали верува дека може да се најде решение меѓу Скопје и Софија, тој вели:
„Многу е тешко да се дојде до решение, можеме да кажеме дека можеби од 1999 година кога поранешниот премиер Љубчо Георгиевски ја посети Бугарија таму во февруари, беа потпишани некои документи, тогаш немаше позитивен развој на настаните. Значи имаме горко искуство и не очекуваме многу. Нормално е политичарите да зборуваат со многу гласни тонови, но мислам дека бугарското општество е сè уште многу скептично, бидејќи сакаме да видиме конкретни резултати, главно поврзани со правата во Република Северна Македонија“, вели проф. Панчев.